| 
 ТТК Банка АД Скопје ги врши сите денарски трансакции на своите корисници преку: 
- Интерен платен промет;
 
- Меѓубанкарски платен промет.
 
 
Интерен платен промет 
Плаќања меѓу комитентите на Банката (систем на плаќања во рамките на една банка), како најевтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено Банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина). 
Меѓубанкарски платен промет (МИПС, КИБС) - Платен промет каде што учесниците од две банки може да ги извршуваат своите плаќања преку два системи на порамнувања: 
МИПС – Македонски интербанкарски платен систем, односно систем на порамнување во НБРСМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари. 
КИБС – Клириншки интербанкарски систем, односно систем на порамнување во Клириншката куќа. Порамнувањето меѓу банките се врши на крајот од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари. 
 |