Правила на платниот промет со странство за физички лица - резиденти
Правила за испраќање пари
Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да испрати средства во странство на друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент во максимален износ од 2.500 евра месечно.
Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора да достави до Банката валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.
Трансфери во странство на домашни физички лица - резиденти коишто се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во денарска противвредност до 2.500 евра месечно може да се извршат и без прикажување соодветен документ, доволна е само информација. За трансфери поголеми од 2.500 евра, задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.
Во согласност со Законот за девизно работење за резидентите на Р. Северна Македонија, постои забрана за трансфер на средства во странство по основ на животно и кредитно осигурување.
Банката е должна да го изврши налогот за плаќање 1450 со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќањето на налогот, освен ако со налогодавачот не е понаку договорено.
Правила за добивање парични средства
Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да прими неограничен износ на средства од странство од друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент.
Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да прими неограничени средства од својата сметка во странство само ако поседува работна виза или виза за престој на период подолг од шест (6) месеци, и тоа само во периодот на важење на визата, како и 30 дена по истекот на важењето на визата.
Физичко лице жител на Р. Северна Македонија - резидент може да прими средства од странско правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора да ѝ даде на Банката информација за основот на приливот.
Во зависност од информацијата на клиентот, Банката, во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата капитални трансфери. Корисникот на наплата треба, во рок од 5 работни дена од денот на приемот на известувањето од Банката, да ѝ ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.
Поради специфичноста на девизниот платен промет и постоењето т.н. девизен режим, треба да се консултирате со Одделот за платен промет во земјата и странство на ТТК Банка АД Скопје, на тел. 02/32 47 000 лок. 425 или да го прочитате „Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство“. Упатството може да го најдете на интернет-страницата на Народна банка на РСМ (www.nbrm.mk).
|