•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Работа со хартии од вредност

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година.

Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја. Тргувањето го обавуваат тројца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите.

Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Услуги

  • купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
  • купување и продавање хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
  • услуги на покровител при котација;
  • давање електронски налози за тргување со хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, беззадолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност Законот за преземање на акционерски друштва.

Електронско тргување со хартии од вредност

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува едноставност во тргувањето со хартии од вредност преку давање електронски налози со користење на апликацијата eTrader.
Во соработка со овластените брокери на Банката креирајте го Вашето портфолио и реализирајте го Вашиот план за инвестирање.

Зошто електронско тргување?

  • Едноставно, брзо и сигурно тргување на Македонска Берза;
  • Електронско давање на налози за купување и продавање на хартии од вредност нивна измена или повлекување;
  • Следење на берзанското тргување и извршувањето на налозите во реално време;
  • Аларми (нотификации за промените на пазарот);
  • Автоматски прием на извештаи за реализирани трансакции;
  • Пристап во секое време до моменталните и историските податоци за портфолиото, налозите и трансакциите.

Што е потребно за електронско тргување?

  • Тековна состојба, не постара од 3 месеци;
  • Листа на овластени потписници / образец заверен потпис - ЗП;
  • Копија од документ за идентификација на овластените потписници;
  • Одлука од правното лице за купување/продавање на хартии од вредност (зависно од статутот на правното лице);
  • Банкарска сметка на правното лице.

Информации околу тргувањето со хартии од вредност можете да добиете доколку ги контактирате овластените брокери:

Оддел за работа со хартии од вредност

ttkbroker@ttk.com.mk


Раководител: Иван Ортаковски

тел.: 02/32 47 000 лок. 496

ivan.ortakovski@ttk.com.mk


Овластен брокер: Тања Поповска

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

tanja.popovska@ttk.com.mk


Овластен брокер: Марко Јовановски

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 497

marko.jovanovski@ttk.com.mk


Соработник: Стефанија Симеонова

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

stefanija.simeonova@ttk.com.mk