•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЕКО кредит

Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • За кредит обезбеден со хипотека може да се вклучат ко-кредитобаратели.
Намена на кредитот

За инвестиции кои ќе придонесат за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија во домот, за купување на еколошки превозни средства и за купување на енергетски ефикасни апарати за домаќинство, односно за купување и инсталација на:

  • Енергетски ефикасни прозори, врати и застаклување.
  • Изолација на надворешни ѕидови, поткровје, покрив, подови и преградни ѕидови за поделба на површини.
  • Топлински пумпи (електрични или гасни).
  • Соларни системи за топла вода.
  • Соларни фотоволтаични инсталации.
  • Печки (камини)/котли на биомаса.
  • Акумулациони бојлери за топла вода.
  • Високоефикасно осветлување.
  • Клима уреди, енергетски ефикасни уреди за домаќинство и бела техника, класифицирани според енергетска ефикасност во категориите А++ и А+++ според старата класификација (за производи произведени пред март 2021 година) односно во категориите A, B, C D, E според новата класификација.
  • Купување на еколошки превозни средства: електрични тротинети, електрични велосипеди, електрично возило/хибридно возило.
  • Други уреди, системи, инвестиции кои овозможуваат употреба на енергија од обновливи извори на енергија, производство, копроизводство или складирање на електрична енергија или придонесуваат кон поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија.
Износ

Кредит обезбеден со меница:

  • Од 20.000 денари до 600.000 денари.

Кредит обезбеден со хипотека:

  • Од 100.000 денари до 3.000.000 денари.
Валута
  • Во денари (МКД).
Каматна стапка

Кредит обезбеден со меница:

 4,70% 

годишна фиксна каматна стапка во првите две години

6,93% (НРКС + 4,80 процентни поени) годишна променлива каматна стапка  во остатокот од периодот на отплата. 

Кредит обезбеден со хипотека:

 3,90% 

годишна фиксна каматна стапка во првите две години

6,03% (НРКС + 3,90 процентни поени) годишна променлива каматна стапка  во остатокот од периодот на отплата. 

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно по примена на прпопрционалната метода.
Рок на отплата

Кредит обезбеден со меница:

  • До 95 месеци.

Кредит обезбеден со хипотека:

  • До 240 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • За кредит обезбеден со меница: БЕЗ ЖИРАНТИ за кредити до 300.000 денари, за кредити од 300.001 до 600.000 денари потребен е 1 (еден) жирант.
  • За кредит обезбеден со хипотека: Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).

Дополнително:

  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 400.000 денари).
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.
  • За кредити со ризико животно осигурување: полиса за ризико животно осигурување издадена од Триглав Осигурување живот АД Скопје винкулирана во корист на ТТК Банка.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот.
Исплата
  • По про-фактура/фактура во корист на платежната сметка на трговецот / продавачот / изведувачот преку платежната сметка на корисникот на кредитот
Надоместоци

ПРОМОТИВНО

БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ кредит во промотивен период до 31.05.2024 година.

  • Обработка на барање за кредит - 600 денари, еднократно за кредит обезбеден со меница, 900 денари, еднократно за кредит обезбеден со хипотека.
  • Без надоместок за предвремена делумна ликвидација.
  • Без надоместок за предвремена ликвидација.
  • Без надоместок за одобрување за кредит со ризико животно осигурување (обезбеден со меница или хипотека).
Трошоци
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно).
Вид на кредитот ЕКО кредит обезбеден со меница
Износ 200.000,00 денари.
Рок на отплата 60 месеци.
Износ на ануитет 3.747,00 денари во првите две години; 3.842,00 денари за останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 4,70% годишна фиксна к.с. во првите две години; 6,36% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,59%.
Вкупен износ за плаќање 229.033,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 200.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 28.233,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 600,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 0,00 денари (без надоместок во промотивен период до 31.05.2024 година).
Трошок за меница 200 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати: /
Датум на пример 1.10.2023 година.