•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Пензиско осигурување

Пензиско осигурување - ТТК Банка

ТТК Банка АД Скопје во соработка со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје им овозможува на своите клиенти едноставно и брзо да склучат договор за членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови преку лиценцирани агенти. Оваа можност е достапна за сите лица кои отвораат платежна сметка или аплицираат за кој било друг производ или услуга во ТТК Банка АД Скопје.

Понуда за физички лица
Понуда за правни лица

Задолжително пензиско осигурување — Втор столб

Договор за членство во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје можат да склучат лица кои:
  • се вработуваат за првпат, односно првпат пристапуваат во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и кои на датумот на пристапување се на возраст под 40 години.

Овие лица, во согласност со законот, се задолжителни членови и имаат обврска да изберат приватен пензиски фонд по сопствен избор.

Со секоја месечна исплата:
  • 18,8 % од бруто-платата се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ;
  • од кои 12,8 % остануваат во Фондот за ПИОСМ;
  • а 6 % се уплатуваат на лична индивидуална сметка во задолжителниот пензиски фонд, каде што средствата се инвестираат и се зголемуваат преку остварени приноси.

Доброволно пензиско осигурување — Трет столб

Доброволното пензиско осигурување ви овозможува да ја планирате иднината според сопствените можности. Тоа ви нуди финансиска сигурност и стабилност преку:
  • флексибилност - уплатувате колку сакате и кога сакате,
  • немате обврски и казни,
  • средствата се инвестираат и остварувате принос кој Друштвото го распределува на вашата индивидуална сметка,
  • средствата се наследни,
  • различни можности за повлекување, 10 години пред пензионирање.
Договор за членство во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје можат да склучат сите лица на возраст од 15 до 70 години, кои:
  • немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување;
  • не се корисници на пензија и кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;
  • не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
Доброволното пензиско осигурување овозможува дополнителна финансиска сигурност по пензионирањето и е наменето за:
  • вработени и невработени лица;
  • лица ангажирани по проекти или во странски мисии;
  • долгорочно невработени лица;
  • лица без редовни приходи;
  • дополнително пензиско осигурување за трети лица (брачни другари, членови на семејство и сл.).

Планирајте ја својата иднина денес!

Искористете ја можноста самостојно да ја испланирате и да ја обезбедите својата финансиска иднина.

Информирајте се повеќе на: www.kbprvo.com.mk

Супервизор на капитално финансираното пензиско осигурување е
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)
www.mapas.mk | тел. 02 / 32 24 229