Предности за Зелениот кредит со 30% грант за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку УНДП/ИОМ
- Кредит за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
- 30% грант од износот на кредитот и техничка помош за реализација на инвестицијата обезбедени од УНДП и ИОМ
- Поволни фиксни каматни стапки за приматели на плата/пензија во ТТК Банка
Корисници:
Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка кои припаѓаат корисници од следните целни групи:
- домаќинства во кои главен носител на приход е жена;
- самохрани родители;
- домаќинства со лица со попреченост;
- ромски домаќинства;
- мигранти - повратници од странство;
- приматели на трансфери на средства;
- домаќинства со еден приход;
- домаќинства со 3 или повеќе деца;
- млади на возраст од 18 до 35 години;
други групи корисници кои се квалификуваат согласно проектот.
За купување и инсталација на:
- енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување;
- изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови;
- печки/котли на пелети;
- топлински пумпи;
- соларни колектори за топла вода;
- фотоволтаични системи;
- високоефикасно осветлување, нискотемпературно осветлување;
- вентилација со повраток на топлина;
- полначи за електрични возила;
- клима уреди, фрижидери/замрзнувачи, акумулациони бојлери за топла вода;
- литиумски (LI-ION) батерии;
- електрично/хибридно возило (за корисници кои припаѓаат на сегментот “домаќинства со лица со попреченост”)
ТТК Банка во соработка со агенциите на Обединетите нации (ОН) во земјава (ОН Програма за развој – УНДП и Меѓународната организација за миграции ИОМ) во рамките на заедничката програма на Глобалниот фонд на ОН “Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија” , преку Зелениот кредит – наменски потрошувачки кредит за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија имаат за цел да обезбедат поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства.
На овој начин ќе им се помогне на овие домаќинства да инвестираат во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни решенија, со што ќе се придонесе, не само за намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, туку и за намалување на животните трошоци и унапредување на животниот стандард.
Ова партнерство ја потврдува заложбата на ТТК Банка да ја поддржи заедницата преку иновации во финансиските решенија кои придонесуваат за унапредувае на одржливиот развој и зачувување на животната средина.
Корисници |
- Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка кои припаѓаат корисници од следните целни групи:
- домаќинства во кои главен носител на приход е жена;
- самохрани родители;
- домаќинства со лица со попреченост;
- ромски домаќинства;
- мигранти - повратници од странство;
- приматели на трансфери на средства;
- домаќинства со еден приход;
- домаќинства со 3 или повеќе деца;
- млади на возраст од 18 до 35 години;
- други групи корисници кои се квалификуваат согласно проектот.
|
Критериуми |
- Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
- Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
- За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
|
Износ |
- Кредит обезбеден со меница или депозит:
- Од 20.000 денари до 1.500.000 денари.
- Кредит обезбеден со хипотека:
- Од 20.000 денари до 3.000.000 денари.
|
Грант |
- Поврат на средства (грант) 30% од износот на кредитот, финансиран од УНДП и ИОМ, по валидација на реализираната инвестиција од страна на независен проценител.
|
Намена на кредитот |
- За подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени преку инвестиции во обновливи извори на енергија и за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија односно за купување и инсталација на:
- енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување;
- изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови;
- печки/котли на пелети;
- топлински пумпи;
- соларни колектори за топла вода;
- фотоволтаични системи;
- високоефикасно осветлување, нискотемпературно осветлување;
- вентилација со повраток на топлина;
- полначи за електрични возила;
- клима уреди, фрижидери/замрзнувачи, акумулациони бојлери за топла вода;
- Литиумски (LI-ION) батерии;
- електрично/хибридно возило (за корисници кои припаѓаат на сегментот “домаќинства со лица со попреченост”);
- друго согласно утврдените намени во програмата.
|
Каматна стапка |
Кредит обезбеден со меница:
Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје
5,30%
годишна фиксна каматна стапка за првите три години
|
6,90% годишна фиксна каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.
|
Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје
6,50%
годишна фиксна каматна стапка за првите три години
|
8,72% (НРКС + 6,00 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.
|
Кредит обезбеден со хипотека:
Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје
4,30%
годишна фиксна каматна стапка за првите три години
|
7,02% (НРКС + 4,30 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.
|
Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје
6,00%
годишна фиксна каматна стапка за првите три години
|
8,72% (НРКС + 6,00 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.
|
Кредит обезбеден со депозит:
Приматели и неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје
3,00%
годишна фиксна каматна стапка
|
Фиксна каматна стапка над пасивната каматна стапка за депозити по видување со определена намена.
|
- Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
- Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
|
Рок на отплата |
- Кредит обезбеден со меница или депозит:
- Од 6 месеци до 95 месеци.
- Кредит обезбеден со хипотека:
- Од 6 месеци до 240 месеци.
|
Начин на отплата |
- Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
- Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
|
Обезбедување |
Kредит обезбеден со меница:
За приматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката:
- Без жиранти за кредити до 1.500.000 денари.
- За кредити на износ над 900.000 до 1.500.000 денари - доказ за сопственост на имот, имотен лист не постар од 3 месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.
За неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката:
- Без жиранти за кредити до 600.000 денари.
- За кредити на износ над 600.000 до 1.500.000 денари - 2 (двајца) жиранти.
Kредит обезбеден со хипотека на недвижен имот: Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето од 1:1,18 до 1:6.
Кредит обезбеден со депозит: согласно утврденото обезбедување за ненаменски поторшувачки кредит обезбеден со депозит.
Дополнително:
- Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот и ко-кредитобарателот/ите и жирантот/ите (во форма на нотарски акт со извршни клаузули за потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари);
- Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, ко-кредитобарателот/ите и жирантот/ите и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава);
- По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување- жирант/и.
- Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
|
Исплата |
- По про-фактура/фактура во корист на платежната сметка на трговецот/продавачот/изведувачот преку платежната сметка на корисникот на кредитот.
|
Надоместоци |
- Надоместок за обработка на барање: 600 денари за приматели на плата, односно 800 денари за неприматели на плата, за кредит обезбеден со меница; 900 денари за кредит обезбеден со хипотека;
- 2,00% мин. 2.000 денари провизија за одобрување на кредит;
- Без надоместок за администрирање на кредитот.
|
Трошоци |
- Трошок за интеркаларна камата.
- Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно) (За кредит обезбеден со меница).
- БЕЗ ТРОШОЦИ за прва процена на вредноста на недвижниот имот до 31.12.2025 година (За кредит обезбеден со хипотека).
- Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа (За кредит обезбеден со хипотека).
- Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија (За кредит обезбеден со хипотека).
|
Вид на кредитот |
ЗЕЛЕН КРЕДИТ со 30% грант за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку УНДП/ИОМ обезбеден со меница |
Износ |
600.000,00 денари |
Рок на отплата |
95 месеци |
Износ на ануитет |
7.745,00 денари во првите три години; 8.044,00 денари за останатиот период |
Начин на отплата |
Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот |
Каматна стапка |
5,30% годишна фиксна к.с. во првите три години; 6,90% годишна фиксна к.с. за остатокот од периодот на отплата |
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) |
6,68% |
Вкупен износ за плаќање |
766.532,00 денари |
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува: |
Износ на кредитот |
600.000,00 денари |
Вкупен износ на камата за кредитот |
153.432,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата) |
Надоместок за обработка на барање |
600,00 денари |
Надоместок за одобрување на кредитот |
12.000,00 денари. (2,00% мин. 2.000 денари надоместок за одобрување) |
Трошок за меница |
500,00 денари |
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати: |
Датум на пример |
01.02.2025 година |