•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Платежна сметка во денари

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува брза и едноставна постапка за отворање платежна сметка во сите филијали и експозитури на Банката.

Со отворањето сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:

  • вршење безготовински и готовински трансакции;
  • дозволено пречекорување на сметка во висина до три плати;
  • следење на состојбата и промените на Вашата сметка во Банката;
  • 24/7 пристап до Вашата сметка преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank;
  • можност за работење со дебитните картички на ТТК Банка;
  • пристап до услуги без или со најниски надоместоци.

Повеќе информирајте се за работењето со платежна сметка!

Кој може да отвори платежна сметка?

  • Физички лица - државјани на Република Северна Македонија;
  • Физички лица - странски државјани кои, во согласност со законската регулатива, имаат третман на резидент;
  • Малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност, кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските одредби.

Сопственикот на платежната сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка. При овластувањето мора да биде присутно и лицето кое ќе се овластува. Овластувањето се врши на шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката.

Можности

  • Уплати и исплати во денари по разни основи (на пр. плати, пензии и друго);
  • Дозволено пречекорување во висина до три плати;
  • Можност за отворање траен налог со кој се врши отплата на кредити и плаќање трошоци;
  • Издавање полномошно со согласност на сопственикот;
  • Информирање за состојбата на сметката преку извод на шалтер на ТТК Банка АД Скопје;
  • Можност за отворање траен налог за автоматско префрлање на средствата од платежна сметка на штедна сметка (т.е. план на штедење);
  • Можност за користење на Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank на ТТК Банка АД Скопје.

Валута, каматна стапка, метод и период на пресметка на камата

  • Во денари (МКД);
  • 0,00% годишна променлива каматна стапка на средствата на платежбата сметка;
  • Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 процентни поени годишна променлива каматна стапка на износот на дозволеното пречекорување.

Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционален метод.

Други услови

  • Индивидуално отворање платежни сметки;
  • Со средствата од платежната сметка може да раполагате преку:
    • потписна картичка – за вршење готовински уплати и исплати, како и за безготовински пренос на средства на други сметки во Банката и на сметки во други банки;
    • дебитна картичка (Mastercard Debit или Visa Classic Debit) – за плаќање стоки и услуги во трговија, како и подигнување готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата и во странство.

Потребни документи

  • Барање за отворање платежна сметка;
  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош);
  • Договор за платежна сметка.

Тајност

  • Податоците за средствата на платежна сметка се деловна тајна.