•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Бесконтактни Visa и Mastercard® платежни картички на ТТК Банка

ТТК Банка АД Скопје ја воведе бесконтактната технологија кај Visa и Mastercard® платежните картички со кои плаќањето е практично, сигурно, брзо и едноставно, без внесување на ПИН-код за плаќања во земјата и странство, до одредени износи на плаќања, на ПОС терминали коишто се посебно опремени и обележани за оваа намена односно на коишто е поставена универзалната ознака за бесконтактно плаќање „contactless“.

Доколку некоја од следните ознаки ги забележите на Вашата картичка, тогаш картичката е бесконтактна:

         

Општи информации

Бесконтактното плаќање е овозможено со користење на Visa картичките на ТТК Банка АД Скопје:

за физичките лица

  • Visa Classic Debit
  • Visa Classic Credit

за правните лица

  • Visa Business Debit
  • Visa Business Credit

и со користење на Mastercard картичките на ТТК Банка АД Скопје:

за физичките лица

  • Mastercard® Debit
  • Mastercard® Credit

за правните лица

  • Mastercard® Business Debit

и тоа за секоја направена трансакција во земјата во износи до 4.500 денари дневно, додека пак за трансакција направена над тој износ ќе биде потребен внес на ПИН-код како што вообичаено се прави при плаќање со платежна картичка. За бесконтактно плаќање во странство износот на трансакцијата може да се разликува. ПОС терминалите во секоја од земјите се прилагодени автоматски да бараат ПИН-код секогаш кога трансакцијата го надминува зададениот лимит за конкретната земја. 

Плаќањето се иницира во истиот момент кога се приближува картичката до екранот на ПОС терминалот што ја има ознаката за бесконтактно плаќање.

Visa и Mastercard® бесконтактните картички се користат и за повлекување готовина преку широката мрежа на банкомати на ТТК Банка АД Скопје, со задолжително внесување ПИН-код, но и за бесконтактно повлекување готовина на „Cash in“ банкоматите на ТТК Банка.

Како се користат Visa и Mastercard® бесконтактните картички

1. Побарајте ја ознаката за бесконтактно плаќање

За да извршите бесконтактно плаќање потребно е платежната картичка како и ПОС терминалот за плаќање да ја имаат универзалната ознака за бесконтактно плаќање, независно од која банка е терминалот или пак дали вршите плаќање во земјата или во странство.

Доколку терминалот ја нема оваа ознака, тогаш плаќањето ќе се изврши со внес на ПИН-код или читање на магнетната лента.

2. Доближете ја бесконтактната картичка до ПОС терминалот

Бесконтактната картичка треба да ја доближите до екранот на ПОС терминалот на растојание помало од 5 милиметри или пак картичката да ја допрете до екранот на ПОС терминалот.

Бесконтактното плаќање во земјата со Visa и Mastercard® картичките на ТТК Банка АД Скопје е овозможено за износи до 4.500 денари дневно, додека пак за плаќање во повисоки износи потребно е да внесете ПИН-код. За бесконтактно плаќање во странство износот на трансакцијата може да се разликува.

3. Почекајте го звучниот сигнал или зеленото светло да се појави на ПОС терминалот

Откако ќе го чуете звучниот сигнал или забележите зеленото светло на екранот на ПОС терминалот, трансакцијата е веќе процесирана.

4. На екранот на ПОС терминалот ќе се појави порака „Одобрено“

Со пораката се потврдува дека трансакцијата е одобрена.

Предности на Visa и Mastercard® бесконтактните картички на ТТК Банка АД Скопје

Брзина – бесконтактното плаќање ја забрзува постапката на плаќање при купување; значително го скратува времето на чекање во ред; плаќањето се извршува во истиот момент на приближување на картичката до ПОС терминалот. 

Сигурност – бесконтактната технологија кај платежните картички е базирана на глобални стандарди за безбедност, со високо ниво на сигурност во плаќањето додека картичката е во Вашата рака. Така се намалува ризикот од губење, злоупотреба, фалсификување или користење на картичката од друго лице, а се зголемува контролата над користењето на картичката. Трансакциите направени со Visa и Mastercard® бесконтактните картички се еднакво сигурни како и трансакциите направени со внес на ПИН-код или пак со читање на магнетна лента. При иницирање на секоја трансакција, преку вградената антена во пластиката на картичката се генерира единствен сигурносен код кој неможе повторно да се искористи за друга трансакција направена со истата картичка, односно на тој начин се спречува двојно или тројно плаќање за направена иста трансакција дури и доколку картичката се приближи повеќепати до екранот на ПОС терминалот. Преку уникатната енкрипција на податоците, се обезбедува највисоко ниво на заштита на трансакциските податоци  и безбедноста на трансакцијата.

Практичност и едноставност – плаќањето со бесконтактните картички е практично и лесно без внесување ПИН-код за потврда, за износи до 4.500 денари дневно за плаќања во земјата, со едноставно приближување на картичката до екранот на ПОС терминалот.    

Visa и Mastercard® бесконтактните картички на ТТК Банка АД Скопје имаат модерен и уникатен дизајн. Имаат безбедносен чип, се користат на сите банкомати на Банката ширум Републиката, се користат за бесконтактни плаќања во земјата и странство, на сите контактни и бесконтактни ПОС терминали кои го поддржуваат брендот Visa.

Напомена

Visa и Mastercard® бесконтактните картички на ТТК Банка АД Скопје истовремено ги имаат сите предности и карактеристики на стандардните контактни картички со внесување ПИН-код. Постарите верзии на Visa и Mastercard® картичките не ја содржат бесконтактната технологија. Корисниците кои поседуваат постара Visa и Mastercard® платежна картичка можат истата и понатаму да ја користат на контактните ПОС терминали и банкомати или пак да ја заменат за бесконтактна во филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје.