•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

СМАРТ потрошувачки кредит

  • НИСКА ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ОД 5,20% ГОДИШНО ВО ПРВИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
  • БЕЗ ЖИРАНТИ ДО 1.200.000 ДЕНАРИ
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (Само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот. Условот за обновување на договорот, непрекинато во последните 12 месеци не е задолжителен услов доколку станува збор за кредитна изложеност обезбедена со хипотека и/или меница со жирант.) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 75 години.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • Од 20.000 денари до 1.200.000 денари.
Валута
  • Денарски кредит (МКД).
Каматна стапка

5,20%

годишна фиксна каматна стапка во првите две години

 

7,91%  (НРКС + 5,20 процентни поени) годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата. 

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок на отплата
  • Од 12 месеци до 84 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Без жиранти за кредити до 1.200.000 ден. За кредити на износ од 900.000 до 1.200.000 ден. доказ за сопственост на имот -  имотен лист не постар од 3 месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.
  • За износ на кредит над 600.000 ден. за приматели на плата/пензија (преку ПИОМ) со примања под 20.000 ден. задолжително вклучување на ко-кредитобарател(и).
  • За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице:
    • Меница со менична изјава за износ до 600.000 денари;
    • Солемнизација – потврда на потрошувачки кредит на нотар за износ од 600.001 до 1.200.000 денари.
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
Исплата
  • На платежна сметка на кредитокорисникот.
Надоместоци

ПРОМОТИВНО
  • При исплата на кредитот 1,00% мин. 2.000 ден. макс. 4.000 ден(Без надоместок за одобрување на кредит за затворање на изложеност во друга банка) за поднесени апликации во промотивен период до 31.5.2026 година
  • Обработка на барање за кредит - 600 денари, еднократно.
Трошоци
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Трошок за меница/солемнизација (во зависност од обезбедувањето).
Вид на кредитот Ненаменски потрошувачки кредит СМАРТ без ризико животно осигурување
Износ 400.000,00 денари.
Рок на отплата 60 месеци.
Износ на ануитет 7.584,00 денари во првите две години; 7.894,00 денари за останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 5,20% годишна фиксна к.с. во првите две години; 7,91% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 6,89%.
Вкупен износ за плаќање 471.311,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 400.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 66.211,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 600,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 4.000,00 денари (1,00% мин. 2000 денари макс. 4000 денари надоместок за одобрување во промотивен период до 31.5.2026)
Трошок за меница 500 денари
Датум на пример 1.2.2026 година.