Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на
TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје од 27.2.2026 година, Годишното собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 2.4.2026 година (четврток) со почеток во 12 часот со следниот
ДНЕВЕН РЕД
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отворање на Собранието на акционери.
2. Избор на претседавач на Собранието на акционери.
II. РАБОТЕН ДЕЛ
- Усвојување на записникот од 46-тата седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 2.9.2025 година;
- Разгледување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2025 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
- Разгледување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2025 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;
- Разгледување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2025 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување Предлог - одлука за употреба и за распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2025 година;
- Разгледување Предлог - одлука за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката;
- Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2025 година (дивиденден календар);
- Разгледување Предлог - одлука за издавање долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда (корпоративна обврзница) (четврта емисија на обврзници);
- Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2025 година, со Предлог - одлука за усвојување;
- Разгледување Предлог - одлука за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје.
Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).
Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.
Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 1.4.2026 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.
Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 7.3.2026 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.
Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.