•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Политика за колачиња

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Оваа политика го објаснува поимот колачиња, видовите колачиња, нивната примена, како и начините за нивна измена или оневозможување.

Што се колачиња?
Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, коишто се поставени на Вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена интернет-страница. Колачињата се користат со цел да се олесни функционирањето на интернет-страницата или да се запомнат Вашите активности и преференции за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на интернет-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од интернет-страницата што ја посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите интернет-страницата. Истите може да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет-пребарувачот.
Колачињата поставени од сопственикот на интернет-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај ТТК Банка АД Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на интернет-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.

Кои колачиња (cookies) ги користиме и за кои цели?
На оваа интернет-страница ги користиме следните колачиња (cookies) за соодветните наведени цели:

  • функционални колачиња - суштински колачиња што се неопходни за техничко функционирање на интернет-страницата. Овие колачиња ќе бидат автоматски избришани од Вашиот компјутер со прекинување на тековната сесија или со затворање на пребарувачот;
  • статистички колачиња - за анализа и за анонимни статистички податоци за начинот на посета на интернет-страницата со цел подобро разбирање на користењето на нашата интернет-страница и нејзино унапредување.

За посета на нашата интернет-страница ние користиме услуга од трета страна - Google Analytics за да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван. Исто така е оневозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата интернет-страница.

Како можете да ги контролирате колачињата?
Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за Ваше лично идентификување. Доколку не сакате да користите колачиња како што е наведено погоре или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач или можете да го приспособите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можно е некои карактеристики на оваа интернет-страница да не работат правилно.

Подолу се наоѓаат неколку начини како можете да ги контролирате колачињата.
Website Cookie Preference Tool (алатка за претпочитани колачиња на интернет-страницата): можете да ги одберете колачињата што ги претпочитате ако го посетите TRUSTe preference center, со кликнување на следниот линк: http://preferences-mgr.truste.com/.
Browser Controls (контрола на пребарувач): можете да ги поставите или да ги дополните контролите на Вашиот интернет-пребарувач да прифаќа или да одбива колачиња. Доколку одбиете колачиња (cookies), некои карактеристики и функционалности на оваа интернет-страница можеби нема да работат правилно.

Промени во условите на Политиката за колачиња
Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Заради тоа, Ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња за да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење.