| Корисници |
- Мали и средни претпријатија, големи клиенти.
|
| Валута |
|
| Рок |
|
| Каматна стапка (годишна фиксна) |
- За депозити орочени на 12 месеци - 2,40%;
- За депозити орочени на 24 месеци - 2,90%.
|
| Мин. износ на депозит |
|
| Макс. износ на депозит |
|
| Метод на пресметка на камата |
- Пресметката на каматата и нејзиното плаќање ќе се врши месечно и во рокот на достасаноста на депозитот, врз основа на расположливите средства на дневно ниво во изминатиот месец.
|
| Уплати и исплати на средства |
- Депонентот има право да врши уплати и исплати на дополнителни средства на депозитната партија во рамки на утврдените лимити за минимален и максимален износ на отворениот депозит. За повлекувањето и исплатата на средства од депозитната партија депонентот треба да ја извести Банката 3 (три) работни денови однапред. Во случај на неисполнување на минималниот и/или надминување на максималниот лимит- износ на депозит, односно неисполнување на условите на депозитот, договорот за депозит се раскинува при што се врши исплата на расположливите средства во рок од 3 (три) работни дена. При раскинување на договорот, за периодот од денот на орочување на депозитот до денот на раскинување на договорот се пресметува камата согласно Одлуката за каматни стапки на Банката која е предвидена за депозитите по видување. (при предвремено раскинување на Договорот за депозит заради исплата, расположливите средства се намалуваат за износот на пресметаната и исплатена камата).
|
| Можност за реорочување |
- По истекот на рокот на орочување, средствата со пресметаната камата (доколку не е исплатена) се пренесуваат на сметката на депонентот, односно депозитот не се реорочува.
|
| Можност за предвремено раскинување на договорот |
- Договорот за депозит може да биде раскинат со писмено барање од страна на депонентот и пред рокот утврден со договорот со известување 3(три) работни денови однапред. Во случај на предвремено раскинување на договорот за периодот од денот на орочување до денот на раскинување на договорот ќе се пресметува камата согласно Одлуката за каматни стапки на Банката која е предвидена за депозити по видување.
|
| Потребни документи |
- Барање во кое барателот ќе специфицира за износот на депозитот, рокот на орочување и дали каматата да се исплаќа или да се припишува на главнината;
- Тековна состојба на барателот издадена од Централен регистар на Р. Северна Македонија (ако депонентот не е клиент на Банката);
- Картон на депонирани потписи (ако депонентот не е клиент на Банката).
|
| Тајност |
- Податоците за депозитите се деловна тајна.
|