•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ВИП потрошувачки кредит

Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката; пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ).
    • Класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), со месечни примања над 50.000 денари (континуирано во последните 6 месеци), кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка;
    • Вработени во банки или други финансиски институции, класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), кои примаат плата преку ТТК Банка/кои не примаат плата преку ТТК Банка. Непримателите на плата треба да имаат месечни примања над 50.000 денари (континуирано во последните 6 месеци).
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 75 години.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • Од 20.000 денари до 1.500.000 денари.
Валута
  • Денарски кредит (МКД).
Каматна стапка

5,00%

годишна фиксна каматна стапка во првите две години

 

7,33%  (НРКС + 5,20 процентни поени) годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата. 

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
  • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок на отплата
  • Од 12 месеци до 120 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • Без жиранти за кредити до 1.500.000 ден. За кредити на износ од 1.200.000 до 1.500.000 ден. доказ за сопственост на имот -  имотен лист не постар од 3 месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.
  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари).
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
Исплата
  • На платежна сметка на кредитокорисникот.
Надоместоци

  • Без надоместок за одобрување.
  • Обработка на барање за кредит - 600 денари, еднократно.
Трошоци
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно).
Вид на кредитот Ненаменски потрошувачки кредит ВИП без ризико животно осигурување
Износ 150.000,00 денари.
Рок на отплата 60 месеци.
Износ на ануитет 2.831,00 денари во првите две години; 2.931,00 денари за останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 5,00% годишна фиксна к.с. во првите две години; 7,33% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 6,21%.
Вкупен износ за плаќање 174.244,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 150.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 23.444,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 600,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 0,00 денари (без надоместок во промотивен период до 31.01.2024 година).
Трошок за меница 200 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
Полиса за животно осигурување Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
Датум на пример 01.01.2024 година.