ТТК Банка АД Скопје во соработка со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје им овозможува на своите клиенти едноставно и брзо да склучат договор за членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови преку лиценцирани агенти. Оваа можност е достапна за сите лица кои отвораат платежна сметка или аплицираат за кој било друг производ или услуга во ТТК Банка АД Скопје.
Задолжително пензиско осигурување — Втор столб
Договор за членство во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје можат да склучат лица кои:
- се вработуваат за првпат, односно првпат пристапуваат во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и кои на датумот на пристапување се на возраст под 40 години.
Овие лица, во согласност со законот, се задолжителни членови и имаат обврска да изберат приватен пензиски фонд по сопствен избор.
Со секоја месечна исплата:
- 18,8 % од бруто-платата се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ;
- од кои 12,8 % остануваат во Фондот за ПИОСМ;
- а 6 % се уплатуваат на лична индивидуална сметка во задолжителниот пензиски фонд, каде што средствата се инвестираат и се зголемуваат преку остварени приноси.
Доброволно пензиско осигурување — Трет столб
Доброволното пензиско осигурување ви овозможува да ја планирате иднината според сопствените можности. Тоа ви нуди финансиска сигурност и стабилност преку:
- флексибилност - уплатувате колку сакате и кога сакате,
- немате обврски и казни,
- средствата се инвестираат и остварувате принос кој Друштвото го распределува на вашата индивидуална сметка,
- средствата се наследни,
- различни можности за повлекување, 10 години пред пензионирање.
Договор за членство во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје можат да склучат сите лица на возраст од 15 до 70 години, кои:
- немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување;
- не се корисници на пензија и кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;
- не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
Доброволното пензиско осигурување овозможува дополнителна финансиска сигурност по пензионирањето и е наменето за:
- вработени и невработени лица;
- лица ангажирани по проекти или во странски мисии;
- долгорочно невработени лица;
- лица без редовни приходи;
- дополнително пензиско осигурување за трети лица (брачни другари, членови на семејство и сл.).
Професионални пензиски шеми
За компаниите, професионалните пензиски шеми претставуваат можност да вложат во иднината на своите вработени и да изградат долгорочна доверба.
Со уплата на дополнителни придонеси, компанијата покажува дека се грижи за своите луѓе и дека ги гледа како дел од својата иднина.
Вложувањето во третиот столб за компанијата носи и даночни олеснувања – ослободување од данок на добивка до две просечни бруто-плати годишно.
Работодавецот ги дефинира правилата на професионалната пензиска шема, висината на придонесот, учеството на најмалку еден или сите вработени и сл. Тоа е инвестиција којашто истовремено ја зајакнува компанијата и ја мотивира работната сила.
Договор за организирање професионална пензиска шема во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје може да склучи работодавач или здружение на граѓани со седиште во Република Северна Македонија.