ТТК Банка АД Скопје повторно ќе посредува при купување на граѓанската обврзница издадена од Министерството за финансии на аукцијата која ќе се одржи на 03.12.2026 година.
Почнувајќи од 18 ноември 2026 сите заинтересирани за учество на аукцијата потребно е во филијалите и експозитурите на Банката да поднесат Барање за учество на аукцијата и да ги уплатат средствата заклучно со 01.12.2026 година.
Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 4,60%, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се исплаќа и главницата.
(линк до проспектот)
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје