
ТТК Банка потписник на WE Finance Code
ТТК Банка АД Скопје е потписник на WE Finance Code – глобална иницијатива насочена кон унапредување на пристапот до финансии за микро, мали и средни претпријатија во сопственост и управување на жени.
Приклучувањето кон Кодексот претставува дел од стратешката определба на Банката за поддршка на женското претприемништво, економската инклузија и одржливиот развој.
Што претставува WE Finance Code?
WE Finance Code е меѓународна иницијатива која има за цел:
- намалување на финансискиот јаз помеѓу мажи и жени претприемачи;
- подобрување на пристапот до финансиски производи и услуги;
- подобрување на достапноста и квалитетот на родово-дезагрегирани податоци;
- поттикнување институционална посветеност кон родова еднаквост во финансискиот сектор.
Обврски на Банката како потписник
Како потписник на WE Finance Code, ТТК Банка се обврзува да:
- работи на развој и унапредување на финансиски производи и услуги прилагодени на потребите на жени претприемачи;
- ја подобрува интерната евиденција и анализа на податоци поврзани со финансирање на бизниси во сопственост на жени;
- соработува со релевантни институции и партнери во насока на јакнење на женското претприемништво;
- известува за напредокот во спроведувањето на принципите на Кодексот.
Нашата определба
ТТК Банка останува посветена на создавање еднакви можности за развој на претприемништвото и обезбедување одговорни финансиски решенија кои придонесуваат кон економски раст и одржлив развој.
Писмо за приклучување кон Кодексот за финансирање на жени предприемачи