•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Успешен настап на екипата на ТТК Банка АД Скопје на Банкарските игри

Од 10.5.2024 г. до 12.5.2024 г., во Охрид, во организација на СФОМ, се одржаа спортските игри, а тимот на ТТК Банка АД Скопје се врати дома со освоен пехар - трето место во пинг-понг (ж).

Повеќе од 35 наши вработени се натпреваруваа во различни спортски категории и достоинствено ја претставија нашата Банка.

Во секој натпревар изиграа со цело срце, покажаа силен тимски дух и нескротлива желба за победа!

ТТК Банка АД Скопје се гордее со вас!

Спортскиот дух се пренесе и во рекреативниот дел, па така дел од нашите колеги го освоија и највисокиот врв на Галичица - врвот Магаро, на 2.255 метри надморска височина.

Продолжуваме со нашата корпоративна стратегија за поддршка на спортот и здравиот начин на живот!

Arrow left white Arrow left white