По повод Светскиот ден на штедењето на 31 октомври и во деновите кои следеа, под мотото „Паметно штеди за иднина што вреди“, ТТК Банка АД Скопје традиционално р
еализираше едукативни активности посветени на поттикнување на свеста за штедењето и финансиската писменост кај најмладите.
Со голем интерес и детска радост во активностите се вклучија 611 деца од градинки и основни училишта од повеќе места низ државата – Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Штип, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Богданци, Кочани, Прдејци и Негорци, Гевгелија.
Преку интерактивни презентации, едукативни игри и заеднички дискусии, децата на интересен начин учеа за значењето на парите, за одговорното управување со сопствените средства и за тоа како штедењето помага во остварување на финансиските цели во иднина.
ТТК Банка АД Скопје останува посветена и ќе продолжи активно да делува во насока на ширење на свеста за финансиската писменост кај децата и младите, збогатување на знаењата за финансиските производи и услуги и создавање здрави финансиски навики кои водат кон сигурна и стабилна иднина.