Денес, на 1 јули 2025 година, одбележуваме 19 години од формирањето на ТТК Банка АД Скопје како следбеник на Тетекс – Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово.
Благодарение на искуството, визијата и посветеноста на нашиот тим и менаџмент, во изминатите 19 години постигнавме значаен раст и развој, зацврстувајќи ја нашата позиција како сигурен и стабилен партнер на клиентите и на заедницата.
ТТК Банка денес е препознатлива како стабилна, растечка и иновативна банка, со доминантен домашен капитал и силни резултати во сите сегменти на банкарското работење, обезбедувајќи континуирана финансиска поддршка за граѓаните, за компаниите и за заедницата.
Со изграден здрав деловен модел, 259 вработени, 32 деловни единици низ државата и мрежа од банкомати на повеќе од 80 локации, ја реализираме нашата визија за современа, достапна и ефикасна банка која нуди атрактивни производи и услуги, усогласени со најновите банкарски трендови.
Преку атрактивна и конкурентна понуда, обезбедуваме сигурна, фер и ефикасна услуга, поддржувајќи ги нашите клиенти на патот кон финансиска стабилност и кон долгорочен просперитет.
Упатуваме искрена благодарност до нашите клиенти за довербата и лојалноста, до акционерите и деловните партнери за континуираната поддршка и особена благодарност до нашиот тим – срцето на ТТК Банка – за нивната посветеност, енергија и професионалност.
Остануваме силно посветени на визијата да бидеме прв избор за нашите клиенти и вработени – водечка банка според квалитетот на услугата и задоволството на клиентите.
Да славиме уште многу години заедно и да продолжиме да создаваме успех и иднина!
ТТК Банка – Кога сакаш повеќе!
