•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ТТК Банка АД Скопје во поддршка на спортот и здравиот начин на живот - генерален спонзор на 41-то традиционално искачување на Титов Врв 2023 година

На 28-ми мај 2023 г. (недела) се одржа традиционалното 41-во искачување на Титов Врв, во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово и со поддршка од генералниот спонзор ТТК Банка АД Скопје.

Во освојувањето на највисоката точка на Шар Планина, на 2.748 метри надморска височина, оваа година учествуваа 600 планинари - учесници од 27 планинарски друштва и 6 различни земји. Како и на претходното искачување, и оваа година планинарите ја поминаа „Вакуфска патека“, долга 14 километри, со висинска разлика од 1.047 метри. Искачувањето беше проследено со облачно време, магла, малку дожд и температура од -3 целзиусови степени.

Почетокот на 41-то традиционално искачување на Титов Врв започна со акцијата за чистење „Шара без отпад”, а потоа активностите продолжија со планинарски базар, планинарски квиз и забавни едукативни игри за планинарските друштва, како и проекција на планинарски филм.

Како генерален спонзор и како општествена одговорна компанија, ТТК Банка го поддржа и овогодинешниот планинарски предизвик , а со цел да придонесе во градењето и развојот на свеста за планинарството како спортско-рекреативна активност, промовирајќи ги придобивките од движењето по планина, здравјето и важноста на зачувувањето на природата.

ТТК Банка АД Скопје останува посветена на промовирање одржливи практики и заштита на животната средина.