•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5 март 2024 година

Почитувани,

Ве известуваме дека од 5.3.2024 година (вторник) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец февруари 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.

 

Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.3.2024 година (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

 

За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

 

  • 5 март (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
  • 6 март (среда)  – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Ви препорачуваме  средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

 

Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

 

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје