•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за експозитура Скопје - Дебар Маало

Почитувани,

 

Ве информираме дека, почнувајќи од 10 јули 2025 година, експозитурата на ТТК Банка АД Скопје Скопје - Дебар Маало, лоцирана на бул. „Партизански одреди“ бр. 26а, Скопје, повеќе нема да биде во функција.

Клиентите кои досега ги користеле услугите во оваа експозитура ќе можат непречено да ги продолжат своите банкарски активности во филијала Скопје – Капиштец, лоцирана на ул. „Народен фронт“ бр. 19а, во ТЦ Беверли Хилс во Капиштец како и во останатите експозитури на ТТК Банка во Скопје.

Во секое време ви се достапни и нашите услуги преку интернет-банкарството TTK E-bank или преку мобилната апликација TTK M-bank, каде што брзо, лесно и безбедно можете да извршувате голем број банкарски услуги.

Ви благодариме за довербата и разбирањето.

За сите ваши прашања, можете да нè контактирате на: 02/3247-000, локал 502, локал 504 и локал 508.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје