•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП 18/2024) за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Почитувани,

ТТК БАНКА АД Скопје објавува повик за  избор на најповолен понудувач за набавка на услуги за осигурување на недвижниот и движен имот на банката, и колективно осигурување на вработените, согласно дадената техничка спецификација. Прилог 1, Техничка спецификација

 

Предмет на набавка: Набавка на осигурителни услуги

 

Предметот на набавка е делив на 8 делови, и понудувачите може да аплицираат за сите предвидени делови или само за одредени делови.

 

Осигурување на недвижен имот

Дел 1 - Осигурување од пожар и други опасности;

Дел 2 - Осигурување од провална кражба и разбојништво со откупна франшиза (пари при манипулација);

Дел 3 - Осигурување на машини од кршење со откупна франшиза и откупена амортизација кај делумни штети;

Дел 4 - Комбинирано осигурување на електрични сметачи и процесори (пожар и некои други  опасности, кршење на машини);

Дел 5 - Осигурување од пожар и некои други опасности на имот земен под закуп, објекти кои служат како покритие за кредити и објекти превземени врз основа на ненаплатени побарувања.

 

Осигурување на движен имот

Дел 6 - Осигурување на автомобили.

 

Колективно осигурување на вработени

Дел 7 - Осигурување на вработените во случај на незгода (смрт од незгода, траен инвалидитет, дневен надомест и трошоци за лекување);

Дел 8 - Осигурување на вработените во случај на смрт од болест.

 

Критериум за избор: Изборот ќе се врши врз основа на критериумот најниска цена.

 

Времетраење на договорот:

Услугата осигурување за потребите на Банката ќе се извршува во период од една година, поточно во периодот од 01.04.2024 - 31.03.2026 година, за што Банката со избраната/избраните компании ќе склучи договор за набавка.

 

Лицa за контакт од Банката:

-          Владимир Крстевски, емаил: vladimir.krstevski@ttk.com.mk, телефон: 070 282 024

 

 Форма и содржина на понудата:

1.  Понудата се изработува во писмена форма

2.  Понудата треба да содржи:

  • Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, e-mail адреси и лица за контакт;
  • Финансиска понуда на пропишан образец, Прилог 2, Образец на финансиска понуда;
  • Референтна листа;
  • Тековна состојба на компанијата не постара од 3 месеци

 

Кон понудата, понудувачите треба задолжително да достават придружна документација со која ќе ја докажат личната, финансиската, професионалната и техничката способност за извршување на предметот на набавка, односно

  • Финансиски извештаи за претходната година (ревидирани);
  • Документ за бонитет издаден од Централен регистар на РМ;
  • Изјава дека е донесен План за континуитет во работењето;
  • Пазарно учество и Извештај за висината на годишните исплатени бруто штети според извештаите на Агенција за супервизија на осигурување.

 

Право на учество имаат осигурителни друштва регистрирани за дејноста предмет на набавка.

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

ул. Народен фронт бр.19а, 1000 Скопје

(со назнака: НЕ ОТВАРАЈ, набавка на осигурителни услуги).

Рокот за доставување на понудите е 25.03.2024 година (понеделник) до 16:00 часот