•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

TTK Банка на Отворен ден – саем за кариера во Тетово

TTK Банка денеска беше дел од „Отворен ден – саем за кариера“ во организација на Државниот Универзитет во Тетово, каде што имавме можност да се запознаеме со многу талентирани, амбициозни и вредни млади луѓе.

Со голема радост ја забележавме нивната отвореност, ентузијазам и интерес за професионален развој, како и подготвеноста активно да се вклучат во разговори за кариера и личен напредок. За време на настанот, дискутиравме за важни аспекти поврзани со препознавање на сопствените потенцијали, градење самодоверба, успешно претставување и развој на кариера. На нашиот штанд ги претставивме програмите за развој на кариера во TTK Банка и споделивме корисни информации за процесот на аплицирање.

Срдечно им благодариме на Државниот Универзитет во Тетово, организаторите и на сите студенти кои го посетија нашиот штанд и покажаа интерес за TTK Банка.

Arrow left white Arrow left white