•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЗЕЛЕН КРЕДИТ со грант до 30%

Корисници
  • Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка кои припаѓаат корисници од следните целни групи:
    • домаќинства во кои главен носител на приход е жена;
    • самохрани родители;
    • домаќинства со лица со попреченост;
    • ромски домаќинства;
    • лица погодени од Ковид-19;
    • мигранти - повратници од странство и
    • приматели на трансфери на средства.
Критериуми
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ Кредит обезбеден со меница или депозит:
  • Од 20.000 денари до 1.200.000 денари.
Кредит обезбеден со хипотека:
  • Од 20.000 денари до 3.000.000 денари.
Грант
  • Поврат на средства (грант) до 30% од износот на кредитот (макс. износ 7.000 УСД во денарска противврeдност), финансиран од УНДП и ИОМ, по валидација на реализираната инвестиција од страна на независен проценител.
Валута
  • Денарски кредит (МКД).
Намена на кредитот За подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени преку инвестиции во обновливи извори на енергија и за поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергија односно за купување и инсталација на:
  • енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување;
  • изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови;
  • печки/котли на пелети;
  • топлински пумпи;
  • соларни колектори за топла вода;
  • фотоволтаични системи;
  • високоефикасно осветлување, нискотемпературно осветлување;
  • вентилација со повраток на топлина;
  • полначи за електрични возила;
  • клима уреди, фрижидери/замрзнувачи, акумулациони бојлери за топла вода;
  • Литиумски (LI-ION) батерии;
  • електрично/хибридно возило (за корисници кои припаѓаат на сегментот “домаќинства со лица со попреченост”);
  • друго согласно утврдените намени во програмата.
Каматна стапка

Кредит обезбеден со меница:

5,30%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

6,90% годишна фиксна каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.

6,50%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

8,56% (НРКС + 6,00 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.

 

Кредит обезбеден со хипотека:

4,30%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

6,86% (НРКС + 4,30 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.

6,00%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

8,56% (НРКС + 6,00 процентни поени) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.

 

Кредит обезбеден со депозит:

3,00%

годишна фиксна каматна стапка

Приматели и неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје

Фиксна каматна стапка над пасивната каматна стапка за депозити по видување со определена намена.


    • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
    • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
    Рок на отплата

    Кредит обезбеден со меница или депозит:

    • Од 6 месеци до 95 месеци.

    Кредит обезбеден со хипотека:

    • Од 6 месеци до 240 месеци.

     

    Начин на отплата
    • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
    • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
    Обезбедување

    Kредит обезбеден со меница:

    За приматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката:

    • Без жиранти за кредити до 1.200.000 денари.
    • За кредити на износ над 900.000 до 1.200.000 денари - доказ за сопственост на имот, имотен лист не постар од 3 месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.

    За неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката:

    • Без жиранти за кредити до 600.000 денари.
    • За кредити на износ над 600.000 до 1.200.000 денари - 2 (двајца) жиранти.

     

    Kредит обезбеден со хипотека на недвижен имот: Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето од 1:1,18 до 1:6.

     

    Кредит обезбеден со депозит: согласно утврденото обезбедување за ненаменски поторшувачки кредит обезбеден со депозит.

     

    Дополнително:

    • Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот и ко-кредитобарателот/ите и жирантот/ите (во форма на нотарски акт со извршни клаузули за потрошувачки кредит во износ над 600.000 денари);
    • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, ко-кредитобарателот/ите и жирантот/ите  и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава);
    • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување- жирант/и.
    • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
    Исплата
    • По про-фактура/фактура во корист на платежната сметка на трговецот/продавачот/изведувачот преку платежната сметка на корисникот на кредитот.
    Надоместоци
    • Надоместок за обработка на барање: 600  денари за приматели на плата, односно 800 денари за неприматели на плата, за кредит обезбеден со меница; 900 денари за кредит обезбеден со хипотека;
    • 2,00% мин. 2.000 денари провизија за одобрување на кредит;
    • Без надоместок за администрирање на кредитот.
    Трошоци
    • Трошок за интеркаларна камата.
    • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно) (За кредит обезбеден со меница).
    • БЕЗ ТРОШОЦИ за прва процена на вредноста на недвижниот имот до 31.12.2025 година (За кредит обезбеден со хипотека).
    • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа (За кредит обезбеден со хипотека).
    • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија (За кредит обезбеден со хипотека).
    Вид на кредитот ЗЕЛЕН КРЕДИТ со грант до 30% за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку УНДП/ИОМ обезбеден со меница
    Износ 600.000,00 денари
    Рок на отплата 95 месеци
    Износ на ануитет 7.745,00 денари во првите три години; 8.044,00 денари за останатиот период
    Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот
    Каматна стапка 5,30% годишна фиксна к.с. во првите три години; 6,90% годишна фиксна к.с. за остатокот од периодот на отплата
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 6,68%
    Вкупен износ за плаќање 766.532,00 денари
    Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
    Износ на кредитот 600.000,00 денари
    Вкупен износ на камата за кредитот 153.432,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата)
    Надоместок за обработка на барање 600,00 денари
    Надоместок за одобрување на кредитот 12.000,00 денари. (2,00% мин. 2.000 денари надоместок за одобрување)
    Трошок за меница 500,00 денари
    Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
    Датум на пример 01.02.2025 година