•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка отвори нова експозитура во Гевгелија

ТТК Банка денес ја отвори својата нова експозитура во строгиот центар на Гевгелија на ул. "Маршал Тито" бр.99 со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

На новата локација Банката ќе им овозможи на физичките и на правните лица извршување на сеопфатни банкарски активности: кредитирање на физички и на правни лица, Visa и Mastercard платежни картички, платен промет во земјата и со странство, брз трансфер на пари Moneygram, менувачко работење, депозитно работење и други. 

Богатата понуда на производи со конкурентни и поволни услови, брзата и квалитетна услуга, искуството и посветеноста на стручниот кадар се клучните придобивки кои придонесуваат за задоволството на постојните и новите клиенти на ТТК Банка.

Со отворањето на новата експозитура во Гевгелија, ТТК Банка ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 31 локација, од кои 9 во Скопје, а останатите 22 надвор од главниот град.