Ве известуваме дека oд 4.10.2024 година (петок) ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец септември 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од 4.10.2024 година (петок), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 4.10.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 7.10.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш