Почитувани,
Ве известуваме дека од 3.11.2023 година (петок) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец октомври 2023 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 3.11.2023 г. (пeток), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:
- 3 ноември (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 6 ноември (понеделник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Ви препорачуваме средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје