•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Доделено признанието за најдобар банкарски службеник на ТТК Банка АД Скопје од страна на Македонската банкарска асоцијација

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Бојан Штерјовски, раководител на одделот за работа со население, за најдобар банкарски службеник.
Неговата исклучителна професионалност, стратешко размислување и посветеност кон работата беа препознаени од страна на ТТК Банка.
Честитки колега за ова заслужено признание! Веруваме дека истото ќе биде поттик за уште поголеми идни остварувања!
ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.