•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр. 28, 2023) за избор на најповолен добавувач за набавка на хигиенско-технички услуги

ТТК БАНКА АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на хигиенско-технички услуги, односно одржување хигиена во објектите на Банката (централа, филијали и експозитури), во согласност со дадената техничка спецификација во Прилог 1.

 

Предмет на набавка: набавка на хигиенско-технички услуги.

 

Предметот на набавка не е делив. Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на критериумот најниска цена.

 

Времетраење на договорот:

Услугата одржување хигиена во објектите на Банката ќе се извршува во период од три години, за што Банката ќе склучи договор за набавка на услуга со избраната компанија.

 

Лицe за контакт од Банката:

-          Владимир Ѓеровски, е-пошта: vladimir.gjerovski@ttk.com.mk, телефон: 078 338 842

 

Форма и содржина на понудата:

1. Понудата се изработува во писмена форма.

2. Понудата треба да содржи:

  • Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, број на телефон и факс, адреси за e-пошта и лица за контакт;
  • Финансиска понуда (цена на понудата, со посебно изразен ДДВ) на пропишан образец, Прилог 2, Образец на финансиска понуда;
  • Референтна листа;
  • Тековна состојба на компанијата не постара од 3 месеци.

 

Кон понудата, понудувачите задолжително треба да достават придружна документација со која ќе ја докажат личната, финансиската, професионалната и техничката способност за извршување на предметот на набавка, односно:

  • Пополнет прашалник за користење услуга од надворешно лице и достава на документи прилог кон прашалникот: последна тековна состојба, последна завршна сметка, сертификат за квалитет на услугите, план за континуитет на работењето, документ за обезбедени технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, податоци за статусот на сметката, податоци за бројот на вработени и други релевантни податоци за оцена на понудувачот наведени во Прилог 3, Прашалник;
  • Финансиски извештаи за претходната година (ревидирани);
  • План за континуитет во работењето.

 

Право на учество имаат понудувачи кои се регистрирани за дејноста предмет на набавка.

 

Понудите се доставуваат во оригинал или во копија, во затворен коверт, во писарницата на Банката, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр.19а, 1000 Скопје

(со назнака: набавка на хигиенско-технички услуги)

Рокот за доставување на понудите е 27.11.2023 година до 16:00 часот.