•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Успешен настап на екипата на ТТК Банка на Банкарските игри

Во периодот од 16 до 18 мај 2025 година, во Охрид се одржаа традиционалните Банкарски игри во организација на Сојузот на финансиски организации на Македонија (СФОМ), на кои ТТК Банка АД Скопје зеде активно и забележително учество.

Деветнаесет вработени од Банката се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, демонстрирајќи професионализам, спортски дух и посветеност. Особено се истакна настапот во тенис (женска конкуренција), каде што ТТК Банка освои 3-то место и заслужен пехар.

Настанот беше одлична можност за јакнење на тимската соработка, здравиот и активен начин на живот и унапредување на корпоративната култура.

ТТК Банка АД Скопје останува посветена на поддршката на спортот, благосостојбата на вработените и развојот на позитивни вредности во деловното опкружување.

Честитки до сите учесници за успешното претставување!

Arrow left white Arrow left white