•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Одобрена апликацијата на ТТК Банка за приклучување кон шемата СЕПА кредитен трансфер

Апликацијата на ТТК Банка АД Скопје за приклучување кон шемата СЕПА кредитен трансфер (SEPA Credit Transfer – SCT) е одобрена од Европскиот совет за плаќања (EPC), со што Банката ќе биде официјално вклучена во Регистарот на учесници на 8 август 2025 година.

СЕПА (Single Euro Payments Area) е иницијатива на Европската Унија за создавање единствено подрачје за плаќања во евра, каде што електронските трансакции се извршуваат под исти правила, стандарди и ниво на сигурност, без разлика дали се домашни или прекугранични.

Во тек се финалните подготовки и техничката интеграција на ТТК Банка со системот за СЕПА, а услугата се очекува да биде достапна за клиентите од октомври 2025 година.

Со воведувањето на оваа услуга, физичките и правните лица ќе можат да вршат кредитни трансфери во евра кон земјите членки на СЕПА на брз, едноставен и ефикасен начин, со кратко време на извршување и услови слични на оние за домашни трансакции.

ТТК Банка продолжува да инвестира стратешки во напредни технолошки решенија, модерна инфраструктура и безбедносни системи кои се усогласени со највисоките европски стандарди, а со цел да понуди иновативни, достапни и сигурни банкарски услуги приспособени на современите потреби на клиентите.