•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за предвремена исплата на пензиите од 31 јули 2025 година

ТТК Банка АД Скопје започна со предвремена исплата на пензијата за месец јули од денеска, 31 јули (четврток) 2025 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank, со мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје