•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Хипотекарен кредит

Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 12 месеци или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 75 години.
  • Пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 75 години.
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат до 2 (два) кредитоспособни кокредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот;
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • од 3.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност 
Валута
  • МКД со девизна клаузула
Каматна стапка

4,00%

годишна фиксна каматна стапка за првите три години

6,385% (6м ЕУРИБОР + 2,50 процентни поени, не пониска од 2,50%) годишна променлива каматна стапка во остатокот од периодот на отплата.


    • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот;
    • Пресметката на каматата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
    Рок на отплата
    • Од 12 месеци до 240 месеци, со вклучен грејс-период до 6 месеци. 
    Начин на отплата
    • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
    • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
    Обезбедување
    • Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).
    • Меница со менична изјава.
    • Административна забрана на плата.
    • Траен налог.
    • Полиса за ризико животно осигурување.
    Полиса за ризико животно осигурување
    • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
    • Полисата за ризико животното осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
    • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и таа е винкулирана во корист на ТТК Банка АД Скопје;
    • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.
    • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.
    • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот и здравствениот прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.
    Документи за наплата
    • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.
    Исплата
    • На платежна сметка на кредитокорисникот.
    Надоместоци

    ПРОМОТИВНО
    • БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ кредит во промотивен период до 31.05.2024 година 
    • Обработка на барање - 900 денари, еднократно.
    • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредитот.
    Трошоци
    • БЕЗ ТРОШОК за процена на вредноста на недвижниот имот до 31.12.2024 година.
    • Трошок за интеркаларна камата.
    • Трошок за нотарска награда за солемнизација на договорот за залог во согласност со нотарската тарифа.
    • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.
    • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.
    • Трошок за полиса за ризико животно осигурување.
    Вид на кредитот Хипотекарен кредит со ризико животно осигурување
    Износ 30.000 евра.
    Рок на отплата 240 месеци.
    Износ на ануитет 181,78 евра во првите три години; 216,23 евра за останатиот период.
    Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
    Каматна стапка 4,00% годишна фиксна к.с. во првите три години; 6,385% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 5,77%.
    Вкупен износ за плаќање 50.688,48 евра.
    Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
    Износ на кредитот 30.000 евра.
    Вкупен износ на камата за кредитот 20.665,71 евра (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
    Надоместок за обработка на барање 900,00 денари.
    Надоместок за одобрување на кредитот 0,00 денари (без надоместок во промотивен период до 31.05.2024 година).
    Трошок за меница 500,00 денари
    Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:
    Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот 0,00 денари (во промотивен период до 31.12.2024 година).
    Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката Во согласност со нотарската тарифа.
    Полиса за животно осигурување Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
    Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици Трошокот за полисата се утврдува дополнително во согласност со законската регулатива и тарифата на осигурителното друштво.
    Датум на пример 01.01.2024 година.