•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка ја продолжува понудата на промотивните депозити ПРОМО ФИКС во денари и во евра до 30.6.2023 година

ТТК Банка АД Скопје ја продолжува понудата на промотивните депозити –ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и на 25 месеци, во промотивниот период до 30 јуни 2023 година. 

За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 3,00 % односно 3,50 % за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 2,00 % односно 2,50 % за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечна исплата на каматата на трансакциска сметка или месечен припис со исплата на вкупната камата на крајот на периодот на орочување. 

Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано ja подобрува и проширува понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.

Повеќе информации за ПРОМО ФИКС депозитите можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-bank како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.