•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка АД Скопје ја исплати третата камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија

На 19.9.2022 година ТТК Банка АД Скопје ја исплати каматата за третата година на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO. Пресметката на каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница - прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2022 година.

Во септември 2019 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде првата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво.

Обврзниците се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје каде што се овозможува секундарно тргување со нив.