•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ТТК Банка АД Скопје одбележа значаен јубилеј – 30 години од основањето на Тетекс Банка АД Скопје, правен претходник на ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје одбележа значаен јубилеј – 30 години од основањето на Тетекс Банка АД Скопје, како една од нејзините правни претходници, заедно со Кредитна Банка АД Битола и Тетовска Банка АД Тетово.

Прославувајќи го овој значаен јубилеј, Банката се осврна на богатата традиција како основа за постоењето на ТТК Банка АД Скопје денес. Од самите почетоци, успехот на TTK Банка АД Скопје континуирано се градеше врз основа на напорната работа и посветеноста на нејзините претходници. Движејќи се напред, Банката продолжува да го почитува наследството и се стреми да ги поддржува вредностите и визијата за креирање вредност.

Претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски, одржа едночасовна инспиративна презентација истакнувајќи дека „Ние во ТТК Банка АД Скопје сме горди на нашата богата историја и на традиционалните вредности што нè издвојуваат и нè водат напред низ годините. Од почетоците, ТТК Банка АД Скопје ја зајакна својата пазарна позиција и прерасна во стабилна, добро капитализирана, просперитетна македонска банка којашто континуирано остварува успешни финансиски резултати и којашто силно продолжува да го гради својот развоен пат. Банката останува посветена на одржување на основните вредности на интегритет, доверба, одржливост и градење силни односи со клиентите и со заедницата. Силно веруваме во негување култура на иновации и континуирано подобрување, што ни овозможува да бидеме секогаш напред. Нашиот успех го градиме со нашите посветени вработени и лојални клиенти кои нè поддржуваат низ годините. Горди сме што ја заслужуваме довербата на нашата заедница и што имаме значајна улога во нивната финансиска благосостојба.’’

Во знак на благодарност за поставувањето на успешниот развоен пат и придонесот, на самиот настан, Банката оддаде почит на сите заслужни личности од успешната банкарска историја на ТТК Банка АД Скопје.

Претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски, додели плакети, како највисок облик на одликување на главните историски двигатели во обликувањето на почетоците  и поставувањето на темелите за успехот на ТТК Банка АД Скопје: Глигорие Гоговски, основач на Тетекс Банка и долгогодишен претседател на НО на ТТК Банка АД Скопје, постхумно во знак на почит на неговото дело; Борислав Трповски, за долгогодишна плодна и успешна соработка со ТТК Банка АД Скопје и Алексеј Лосев, за прв директор на Тетекс Банка АД Скопје.  

Беше доделена пофалница на Марија Николовска, како носител на процесите на спојување на Кредитна Банка АД Битола со Тетекс Банка АД Скопје, правни претходници на ТТК Банка АД Скопје. Во знак на благодарност, беа доделени и повеќе благодарници на вработени лица кои повеќе од 30 години посветено и успешно работат во ТТК Банка АД Скопје и во нејзините правни претходници.

Настанот се одржа во присуство на менаџментот и вработените, во Ресортот „Маврово“, каде што тие, заедно со присутните гости, имаа можност да се соберат во прекрасен амбиент во природа и да уживаат во свеченоста на денот кој исто така поттикна и убаво дружење.