•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Промотивни депозити ПРОМО ФИКС во денари и во евра со зголемени каматни стапки и продолжена понуда до 31.3.2023 година

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивните депозити - ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 1 февруари до 31 март 2023 година.

 

За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 3,00 % односно 3,50 % за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 2,00 % односно 2,50 % за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечна исплата на каматата на трансакциска сметка или месечен припис со исплата на вкупната камата на крајот на периодот на орочување.

 

Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.