•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Денови на финансиската писменост од 23 до 25 ноември 2022 година

Од 23 до 25 ноември годинава ќе се одржи шестото издание на Деновите на финансиската писменост коишто ги организираат финансиските регулаторни институции, во соработка со приватниот финансиски сектор. Целта на овие активности е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

 

ТТК Банка АД Скопје и оваа година се приклучува кон настанот „Денови на финансиската писменост“, а на корисниците им овозможува едуцирање преку електронски едукативни материјали во врска со управувањето со личните финансии, користењето платежни картички, практичен водич за идните сопственици на дом, превземени од интернет-страницата на НБРСМ,  предностите на современите дигитални услуги преку електронското и мобилното банкарство на ТТК Банка АД Скопје, како и за актуелната понуда на атрактивните финансиски производи и услуги на Банката.

Denovi na finansiska pismenost 

За поедноставно едуцирање, со материјалите со корисни насоки и препораки корисниците можат да се запознаат  преку следните линкови:

„Паметно управување со парите - Водич за личните финансии“

„Купување дом со станбен кредит“

Eдукативни видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“

 

TTK E-bank - eлектронско банкарство на ТТК Банка АД Скопје

TTK M-bank – мобилно банкарство на ТТК Банка АД Скопје

Онлајн штедење преку мобилно и електронско банкарство

„Кусур штедење“

 

ТТК Банка ве повикува да се приклучите на веб-страниците на НБРСМ, МАПАС, Министерството за финансии, Агенција за супервизија на осигурување или пак Комисијата за хартии од вредност и да научите нешто ново од областа на финансиите.

 

Упатуваме на едукативните предавања преку видеоконференциска врска, на темите кои се објавени во Јавниот повик од НБРСМ:

  • Монетарна политика, на 23 ноември во 14.00 часот;
  • Платежни услуги и осврт кон новиот Закон за платежни услуги и платни системи, на 24 ноември во 12.00 часот;
  • Информации потребни при избор на кредит, на 24 ноември во 14.00 часот;
  • Структура на финансискиот систем и осврт кон движењата во банкарскиот систем, на 25 ноември во 14.00 часот.