Почнувајќи од 01.07.2010 год, ТТК Банка АД Скопје ги намали активните каматни стапки за физички лица за кредитите во денари, со максимална каматна стапка до 13 процентни поени. Овие промени се резултат на последното намалување на каматната стапка на благајничките записи на НБРМ, како и поради обврската за усогласување на висината на активните каматни стапки за физички лица со максимално дозволената каматна стапка, согласно Законот за облигациони односи. |
ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ја најавува својата поддршка на 50-то по ред издание на фестивалот “Охридско Лето 2010„ кој започна на 12.07.2010 (понеделник) и ќе се одржува во текот на летото, односно до 20.08.2010. |
На 29 и 30 Мај 2010, традиционално се одржа манифестација “Титов Врв 2010” во организација на планинарскиот клуб “Љуботен” од Тетово. |
|