македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредити

СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со РИЗИКО животно осигурување со 4,95% годишна фиксна каматна стапка во првата година

Животот е најдрагоценото нешто што го поседуваме и е полн со предизвици. Затоа е многу важно да ја планираме иднината, да бидеме сигурни и подготвени за сите изненадувања што ни ги носи утрешниот ден!


 

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје, овозможува корисникот на кредитот дополнително самостојно да го обезбеди својот кредит, а притоа да добие поповолни кредитни услови. Истовремено, со изборот на полисата за ризико животно осигурување како дополнително обезбедување на кредитот се обезбедува финансиска сигурност за корисникот на кредитот и за неговите најблиски така што во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице осигурителното друштво го подмирува преостанатиот кредитен долг.

 

СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит е наменет за сите кои мислат на својата иднина и на иднината на своето семејство и овозможува: поголема финансиска сигурност и безгрижност, поволна премија за осигурување, најповолни кредитни услови, едноставно и брзо договарање во деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.

 

  • НАМАЛЕН НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.4.2021 година
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка од 4,95% годишно за првата година
  • БЕЗ ЖИРАНТИ до 1.200.000 денари
  • МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот 

Корисници

  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка.
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.
  • Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години.

Критериуми

  • Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот НЕ МОЖЕ да се вклучат ко-кредитобаратели.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.

Износ

(со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

  • Од 60.000 денари до 1.200.000 денари.

Валута

  • МКД.

Рок на отплата

  • Од 24 до 95 месеци.

Каматна стапка

  • 4,95% годишна фиксна каматна стапка во првата година.
  • 7,38% годишна  променлива каматна стапка  (НРС + 6,00 процентни поени) од втората година од отплатата до целосната отплата на кредитот.

Трошоци

 

  • 500 денари за обработка на барање за кредит.
  • 0,50% мин. 2.000 денари намален надоместок за одобрување во промотивен период до 30.4.2021 година.
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање.
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата.
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно).
  • Премија за полиса за ризико животно осигурување.

Обезбедување

  • БЕЗ ЖИРАНТИ за кредити до 1.200.000 денари.

Останато:

  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 600.000 денари).
  • За кредити на износ од 900.001 до 1.200.000 денари доказ за сопственост на имот - имотен лист не постар од 3 (три)  месеци, во спротивно 1 (еден) жирант.
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • Полиса за ризико животно осигурување.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.

Полиса за ризико животно осигурување

  • ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.
  • Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка.
  • Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот.
  • Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно.
  • Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво.

СВТ

Потребни документи

  • Апликација за кредит.
  • Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите.
  • Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите (доколку институцијата каде што работат не издава административни забрани).
  • За лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 (три) месеци.
  • За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ).

Документи за наплата

  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Исплата

  • На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

Пример

Вид на кредитот

СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со ризико животно осигурување

Износ

150.000 денари.

Рок на отплата

60 месеци.

Износ на ануитет

2.828 денари во првата година; 2.965 денари за останатиот период.

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

4,95% годишна фиксна к.с. во првата година; 7,38% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

7,42% (трошокот за полисата за ризико животно осигурување не е пресметан во СВТ).

Вкупен износ за плаќање

178.755 денари.

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

150.000 денари.

Вкупен износ на камата за кредитот

26.255 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).

Надоместок за одобрување на кредитот

 0,50% мин. 2.000 денари (намален надоместок за одобрување во промотивен период до 30.4.2021 година)

Надоместок за администрирање на кредитот

 0 денари (без надоместок за администрирање на кредитот).

Надоместок за обработка на барање

500 денари.

Трошок за меница

200 денари.

Датум на пример

1.3.2021 година

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.3.2021 година.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти март 2021 година
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за предвремена исплата на пензиите од 25-ти февруари 2021 година
Известување за упис на клиентите – правни лица во регистарот на вистински сопственици најдоцна до 27 април 2021 година
TTK Банка АД Скопје ја исплати каматата за првата година на сопствениците на корпоративни обврзници - втора емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративни обврзници од втората емисија по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти февруари 2021 година
Известување за поставен нов банкомат во Трговски центар „Палма мол“ во Тетово
Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор.мк“ - ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА: Посакувам подобра година без ограничувања и поголема слобода на функционирање за секого

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување