македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредитни линии на банката

Кредитна линија IV од Европска инвестициона банка (ЕИБ) реализирана преку МБПР, наменета за кредитирање мали и средни претпријатија и приоритетни проекти

Со воведувањето на ЕИБ кредитната линија, ТТК Банка АД Скопје продолжува со интензивната поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во РСМ, преку зајакнување на конкурентските предности на домашното стопанство. Средствата од оваа кредитна линија, ТТК Банка АД Скопје ќе ги пласира преку широка понуда на исклучително поволни кредити за инвестиции и развој, прилагодени на потребите и можностите на домашните мали и средни претпријатија.

 

Примарна цел на кредитната линија од Европската инвестициона банка е обезбедување свеж капитал за поддршка на малите и средните претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови инвестициски проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Oваа кредитна линија им овозможува на претпријатијата брзо и едноставно да ја модернизираат својата опрема и машини, да инвестираат во набавка на нови возила, да го адаптираат, до го купат или да го изградат деловниот простор и на тој начин да го унапредат своето работење.

 

Европската инвестициона банка e финансиска институција на Европската Унија, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Учествува рамо до рамо со локалните финансиски институции во финансирањето инвестициони програми кои се дел од целите на Европската Унија.

 

 

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЕИБ IV - КРЕДИТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ

За купување материјални средства

·   недвижности (освен земјиште);

·   опрема;

·   обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот).

За инвестиции во нематеријални средства

·   развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и друго поврзано со фазата на истражување и развој.

Кредитни услови

валута на кредитот

·   Евра

износ на поединечен кредит

·   од 10.000 евра до 3.500.000 евра (за МСП)

·   од 20.000 евра до 6.000.000 евра (за мид-кап претпријатија)

рок на отплата

·   од 2 до 8 години

грејс-период

·   до 2 години

начин на отплата

·   квартална

Каматна стапка

·  до 5,5% годишна фиксна к.с.  (казнена каматна стапка од 14,15% годишно за достасани, а не подмирени  обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).

Провизии

·   1,5% еднократно пред користење на кредитот.

Можност за рефинансирање

·   инвестиција која е завршена не повеќе од 6 месеци од датумот на поднесување на барањето.

 

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЕИБ IV - КРЕДИТ ЗА ТРАЈНИ ОБРТНИ СРЕДСТВА

За обртен капитал во услови на експанзија на бизнис-активностите на компанијата

Кредитни услови

валута на кредитот

·   Евра

износ на поединечен кредит

·   од 5.000 евра до 666.700 евра

рок на отплата

·   од 2 до 3 години

грејс-период

·   до 6 месеци

начин на отплата

·   квартална

Каматна стапка

·  5,5% годишна фиксна к.с. (казнена каматна стапка од 14,15% годишно за достасани, а не подмирени  обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).

Провизии

·  1% еднократно пред користење на кредитот

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЕИБ IV - КРЕДИТ ЗА ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ

Финансиска поддршка на проекти поднесени од крајни корисници од која било големина или сопственост кои дејствуваат во областа на енергијата, екологијата, индустријата, здравството, образованието, услугите и туризмот.

Кредитни услови

валута на кредитот

·    Евра

износ на поединечен кредит

·    од 20.000 евра до 6.000.000 евра

рок на отплата

·    од 4 до 8 години

грејс период

·    до 24 месеци

начин на отплата

·    квартална

Каматна стапка

·  до 5,5% годишна фиксна к.с. (казнена каматна стапка од 14,15% годишно за достасани, а не подмирени  обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).

Провизии

·  1,5% еднократно пред користење на кредитот

ОПШТИ УСЛОВИ

Корисници

·  Мали и средни претпријатија кои не надминуваат 250 вработени, мид-кап претпријатија (претпријатија кои имаат минимум 250 вработени и не надминуваат над 3000 вработени), освен за приоритетни проекти каде што се прифатливи претпријатија кои не се МСП или мид-кап прептријатија (претпријатија од приватниот сектор кои вработуваат повеќе од 3000 лица).

Забрани и исклучувања
(проекти кои не се финансираат)

· производство на оружје и муниција, борбени средства, воена и полициска опрема или инфраструктура и опрема или инфраструктура која ги ограничува индивидуалните човекови права и слободи (т.е. затвор или центри за задржување од каква било форма);

· коцкарници, игри на среќа и друг вид поврзана опрема;

·  производство, обработка и дистрибуција на тутун;

· активности кои вклучуваат живи животни за експериментални и научни цели;

·  активности кои поттикнуваат негативни влијанија врз животната средина;

· сектори кои етички или морално се сметаат за контроверзни (на пример: истражување во врска со клонирање на човек);

·  развој на активностите со недвижнини;

· проекти со пресметковна вредност поголема од 25.000.000 евра.

Обезбедување

· за обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување во согласност со Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.).

Рок на користење на кредитот

· во рок од 2 месеци од датумот на одобрување на истиот.

Провизија за предвремено враќање на кредитот

· 3% од износот којшто се враќа пред рокот на достасување.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Стандардна документација која Банката ја бара за стандардните долгорочни кредити за инвестиции и трајни обртни средства вклучувајќи ги неопходните документи кои ги бара МБПР, и тоа:

·   Кредитно барање со инвестициска програма / бизнис-план;

·   Тековна состојба од Централен регистар на РСМ;

·   Копија од доказ за сопственост и проценка за понудено обезбедување;

·   Годишни сметки за минимум последните две години;

·   Листа на најголеми должници и доверители на кредитобарателот;

·  Листа на членовите на органите на управување и раководење, големина на друштвото, број на вработени, делови на правното лице, во земјата и во странство.

Тарифа за надоместоци - кредитирање на правни лица

 

 

Лице за контакт:

Горан Томовски 

Раководител на Оддел за работа со правни лица

Сектор за комерцијално банкарство

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 459

e-пошта: goran.tomovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 3.8.2021 година.


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување