македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари
 

ПОНУДА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕТО НА КРЕДИТНИТЕ ОБВРСКИ НА КЛИЕНТИТЕ НА ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 

Со цел да овозможи полесно надминување на финансиските потешкотии со кои се соочуваат клиентите поради кризата предизвикана од корона вирусот и со цел да го олесни враќањето на кредитните изложености, ТТК Банка АД Скопје објавува ЈАВНА ПОНУДА број 15-2684/1 од 1.4.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.

 

Со понудата клиентите добиваат можност за одложено плаќање на обврските по кредити, кредитни картички, дозволено пречекорување за период од 6 месеци заклучно со 30.9.2020 година.  

  

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 1.4.2020 година, ја објавува следната:

 

 

ЈАВНА ПОНУДА број 15-2684/1 од 1.4.2020 година

 за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

 

 

Понудата е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои користат кредитни производи (кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања) кои на 29.2.2020 година се класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

 

Карактеристики на понудата за кредити:

·         Oдложување на плаќањето на месечните ануитети и провизии по кредитот за период од 6 (шест) месеци, од април до септември 2020 година;

·         Пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитот за 6 (шест) месеци;

·         Во периодот на одложување Банката ќе пресметува редовна камата во согласностсо важечките каматни стапки. По истекот на периодот на одложување од 6 (шест) месеци, пресметаната каматасо останатите обврски во согласност со Договорот за кредит рамномерно ќе се распоредат за наплата во согласност со новиот амортизационен план кој ќе важи од октомври 2020 година.

Карактеристики на понудата за кредитни картички:

·         Одложување на отплатата на месечните обврски за период од 6 месеци, до 30.9.2020 година. Во овој период, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот одмесецот;

·          За времетраење на периодот на одложена наплата, Банката ќе пресметува редовна камата, провизии и членарини согласно одредбите предвидени во Договорот за користење на кредитна картичка, но во овој период истите нема да ги наплаќа. Наплатата на камата, провизии и членарини пресметани во периодот на одложена наплата ќе се изврши по 30.9.2020 година;

·         Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во периодот на одложување, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

Карактеристики на понудата за дозволено пречекорување на трансакциска сметка:

 

·         Автоматско обновување на одобрениот износ на дозволеното пречекорување чиј рок на важност истекува до 30.9.2020 година при што одобрениот износ останува непроменет без разлика дали на сметката пристигнува редовен месечен прилив, a со примена на редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување;

·         Во периодот од 1.4.2020 до 30.9.2020 година, Банката ќе пресметува и наплатува камата и надоместоци согласно одредбите предвидени во Договорот за дозволено пречекорување.

Појаснувања за сите кредитни изложености:

·         За време на периодот на одложување имате право самостојно да вршите уплати на кредитна партија при што:

-       за кредитна партија којашто нема доспеани обврски: Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложување ќе се евидентираат како примени аванси во тек на грејс периодот. Во септември 2020 година, сите примени аванси на кредитната партија, кумулативно ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеана главница и без доставување писмено барање од страна на корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното салдо.

-        за кредитна партија којашто има доспеани обврски: Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложување ќе  се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите што ќе следуваат по затворањето на доспеаните обврски, ќе се постапува како за уплата на кредитна партија којашто нема доспеани обврски;

·         Доколку клиентот користи повеќе кредитни производи истиот се стекнува со право за одложување на обврските за секој производ;

·          Во периодот од 1.4.2020 година до 30.9.2020 година, односно за време на периодот на одложувањето на плаќањето на кредитните обврски трајните налози за наплата на кредитните обврски ќе бидат ставени во мирување (ќе се  деактивираат)освен за клиентите коишто ќе ја информираат Банката дека нема да ја прифатат оваа понуда;

·         Доколку Вашиот кредит се отплатува со административна забрана, Ве молиме да го известите Вашиот работодавач за одложувањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда и дека за време на периодот на одложувањето истата треба да ја стави во мирување.

 

Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица - корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници,  на денот на објавувањето.

 

Сите физички лица - корисници на кредитни производи, солидарни должници и заложни должници кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите без промена на договорните услови, имаат право, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 11.4.2020 година да ја ОДБИЈАТ Понудата со известување до Банката по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека Понудата е прифатена. Доколку физичкото лице има повеќе кредитни производи и/или партии во Банката, има право поединечно да одлучи да ја одбие Понудата за секој производ и/или партија и потребно е да го наведе секој поединечен производ и партија за која ја одбива Понудата.

 

Физичките лица коинема да ја одбијат Понудата на Банката до 11.4.2020 година, се смета дека ја прифатиле Понудата, со што сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одредби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица- корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници.

 

По истекот на горенаведениот рок на Понудата, правното дејство на изменетите услови од договорите за кредитна изложеност ќе важии за целокупната договорна придружна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски-невладетелски, меници, гаранции, договори за осигурување/полиси за осигурување, договори за пристапување кон долг, и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постојните договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги.

Прифаќањето на понудата претпоставува кумулативно прифаќање на сите наведени услови по секој поединечен продукт.

Договорните одредби од постоечките договори, кои не се предмет на промена со оваа понуда, остануваат во важност.

 

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:

 

Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети во согласност со оваа Понуда на 11.4.2020 година.

 

Известување испраќаат исклучиво клиентите  кои  ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:


 

А. Директно известување по електронски пат со пополнување на ОБРАЗЕЦОТ.

Линкот Ве води до готов образец за известување во кој треба да го пополните бројот на трансакциска сметка (15 цифри) и последните 6 цифри од Вашиот ЕМБГ. По внесување на истите и верификација во базата на Банката потребно е да ја изберете кредитната изложеност со означувањена онаа за која ја ОДБИВАТЕ Понудата. Дополнително, покрај изборот треба да внесете и број на мобилен телефон и електронска адреса за евентуална идна комуникација. До крајниот рок на Понудата можете да го промените мислењето и да направите нов избор, со повторно пополнување наобразецот.


ИЛИ

 

 

Б. Писмено известување (до Архивата на Банката, експозитурите/филијалите, по пошта):

 

До Архивата на Банката: ул. ‘’Народен Фронт ’’ бр.19а, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Јавна понуда број 15-2684/1 од 1.4.2020“, при што во самиот документ треба да наведете име и презиме, датум и своерачен потпис, како и сите поединечни производи и броеви на партии за кои се одбива Понудата:

 

·        Број на трансакциска сметка каде што има одобрено дозволено пречекорување

·         Број на сите поединечни кредитни партии

·        Последните 6 цифри од бројот на кредитната картичка


Сите известувања во писмена форма, што ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса, доставени до експозитурите/филијалите или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со
11.04.2020 година, ќе бидат прифатени во согласност со важноста на Понудата.

 

 

Датум на Јавната понуда: 1.4.2020 година

 
 
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување