македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Известувања

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

 

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXXVI–тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ   

                Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-2034/2 од 11.3.2021 година, XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 15.4.2021 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието.

2.     Избор на претседавач на Собранието.

II.   РАБОТЕН ДЕЛ

1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје  во 2020 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

2. Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;

3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година, со Предлог - одлука за усвојување;

4. Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2020 година;

5. Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година (дивиденден календар);

6. Разгледување Годишен извештај на работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2020 година, со Предлог - одлука за усвојување;

7. Разгледување Предлог - одлука за назначување членови на Одборот за наградување на членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД Скопје;

8. Разгледување Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста за членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

 

Со цел почитување на мерките за спречување на ширењето на Covid-19, ТТК Банка АД Скопје препорачува акционерите, своето право на гласање на Собрание на акционери на Банката, да го остварат преку гласање  со писмена кореспонденција заради обезбедување успешно одржување на закажаното Собрание на акционери.

 

Правото да се гласа со кореспонденција се остварува со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 14.4.2021 година, до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

 

 Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

 

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

 

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 19.3.2021 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

  Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

 

                                   Претседател на Надзорен одбор

                                          на ТТК Банка АД Скопје

                                       м-р Глигорие Гоговски с.р.

 

 

Информација за гласање преку коресподенција

 

 

1. Вкупен број акции и вкупен број гласачки права

2. Пријава за учество

3. Прашања од акционерите во врска со точки од Дневниот ред

4. Вклучување нови точки и одлуки во Дневниот ред

5. Полномошно за физички и правни лица

 

 

Одлуки донесени на Собранието:

 

Резултати од гласањето

Записник 

 

 

*објавено на 11.3.2021 година. Последна промена направена на 27.4.2021 година.

 


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување