македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Онлајн штедење
Кусур штедење
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

             ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА 

 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXXII-та СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

  

                Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-7786/2 од 30.9.2019 година, XXXII-та седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 5.11.2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, со следниот предлог

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

I.      ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието.

 

II.   РАБОТЕН ДЕЛ

 

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точката од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точката од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 13.10.2019 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

                                       Претседател на Надзорен одбор

                                                 на ТТК Банка АД Скопје  

                                               м-р Глигорие Гоговски  с.р

 

1. Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права

2.  Пријава за учество

3.  Прашања од акционери во врска со точките од Дневниот ред

4. Вклучување на нови точки и одлуки од Дневниот ред и предлагање на нови одлуки

    4.1. Предлог - одлука по предложена точка од Дневен ред, од акционерот „Тетекс“ АД Тетово 

5. Полномошна за физички и правни лица

 

 

6. Одлука за издавање долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда (корпоративна обврзница) (втора емисија на обврзници)

7. Одлука за именување независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

8. Одлука за дополнување на Деловникот за работа на Собранието на ТТК Банка АД Скопје

 

*последна промена направена на 5.11.2019 година

 


 

Поставен нов банкомат на ТТК Банка АД Скопје во градот Прилеп
Нова услуга за уплата на парични средства „CashIn“ на банкоматите на ТТК Банка АД Скопје
Доделено признание за најдобар банкарски службеник на ТТК Банка АД Скопје од страна на Македонската банкарска асоцијација
Јавен повик за учество на XXXII-та седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 31.12.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.12.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување