ТТК Банка ги намали каматните стапки
Почнувајќи од 01.07.2010 год, ТТК Банка АД Скопје ги намали активните каматни стапки за физички лица за кредитите во денари, со максимална каматна стапка до 13 процентни поени. Овие промени се резултат на последното намалување на каматната стапка на благајничките записи на НБРМ, како и поради обврската за усогласување на висината на активните каматни стапки за физички лица со максимално дозволената каматна стапка, согласно Законот за облигациони односи.
ТТК Банка ги намали каматните стапки за дел од одобрените и пласирани наменски и ненаменски потрошувачки кредити во денари за физички лица до 3 процентни поени.
Намалување на каматните стапки има и кај новите наменски и ненаменски потрошувачки кредити во денари за физички лица и тоа до 4 процентни поени.
Истовремено, ТТК Банка ги намали каматните стапки за депозити за физички лица, до 0,20 процентни поени за депозити орочени во денари до 1 година, односно до 1,50 процентни поени за депозити орочени во денари над 1 година. За депозити орочени во евра до 1 година, каматните стапки се намалени до 0,50 процентни поени, а за депозити орочени во евра над 1 година, каматните стапки се намалени до 1 процентен поен.
Кај депозитните производи наменети за правни лица ТТК Банка изврши минимални промени, односно намалување на каматните стапки за депозитите орочени во денари од 0,10 до 0,80 процентни поени и намалување на каматните стапки за депозитите орочени во евра од 0,20 до 0,4 процентни поени.
Промените важат од 01.07.2010 год. и ќе се однесуваат за сите ново склучени договори за кредити и депозити, како и за веќе склучени договори за кредити до 30.06.2010 год.
За наредниот период ТТК Банка подготвува атрактивни пакети, нови производи и промоции за физички и правни лица. |