ТТК Банка општествено одговорна компанија
ТТК БАНКА АД Скопје со својата стратегија за спонзорства и донации настојува да поддржи и промовира вредности кои ги застапува и во своето работење: доверба, традиција, удобност, ентузијазам, искуство и знаење, иновативност, тимски дух и професионалност.
Активната поддршка на ТТК БАНКА АД Скопје се препознава во разни активности на спонзорства и донации на банката во културата, спортот и образованието, за што Банката има добиено неколку награди за општествено одговорна компанија во Р. Македонија:
- Национална награда за општествена одговорност 2008 год, во организација на Министерството за економија на Р. Македонија.
- Лидери на Општествена одговорност, награда за Корпоративна филантропија 2009 год, во организација на Центар за институционален развој (цира).

Култура
ТТК БАНКА АД Скопје поддржува негување и промоција на нашата богата музичка, театарска, филмска, уметничка и фолклорна традиција, како и проширувањето на културното знаење и размена на културни вредности.
Наука и образование
Без образование нема да има ниту професионалност која е една од основните одлики на ТТК БАНКА АД Скопје. Ние во нашата банка сметаме дека секој денар инвестиран во образованието и науката е инвестиција во нашиот прогрес и просперитет.
Спорт
Со својот ангажман за поддршка на спортовите во Македонија, ТТК БАНКА АД Скопје акцентот го става на важноста на тимскиот и натпреварувачки дух и остварувањето на резултати.
Добротворни донации
Грижата за загрозените и донации за здравствените институции на кои им треба помош е определба на ТТК БАНКА АД Скопје која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница, со желба сите да живееме во добро здравје и просперитет.
Вложувања во заедницата
ТТК БАНКА АД Скопје е институција со високо изградена општествена одговорност која се грижи за околината во која живее и работи и негува цврсти врски на пријателство и соработка со институциите од општествениот и економскиот развој на заедницата.
Испратете барање
Доколку сакате да испратите барање/понуда за спонзорство или донација, слободно испратете на следните податоци:
|
Дирекција за Маркетинг и Развој на производи ТТК Банка АД Скопје ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје тел. 02/3236-433; 02/ 3236 452 marketing@ttk.com.mk |
Маркетинг тимот на ТТК Банка ќе ви одговори веднаш на вашето барање. |