 |
|
 |
|
|
|
|
ТТК Банка во соработка со CS Global ви нуди можност да присуствувате на есенската генерацијата на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси, преку аплицирање за Индекс кредит за школување на ТТК Банка. |
На 18 август 2010 год, ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Неготино, со што ја прошири својата мрежа на вкупно 8 филијали и 21 експозитури низ територијата на Република Македонија. |
ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ја најавува својата поддршка на 50-то по ред издание на фестивалот “Охридско Лето 2010„ кој започна на 12.07.2010 (понеделник) и ќе се одржува во текот на летото, односно до 20.08.2010. |
Адинг А.Д. Скопје, Гемак Трејд, Инет, КПМГ Македонија Д.О.О. Скопје, Македонски Телеком А.Д. – Скопје и ТТК Банка А.Д. Скопје на 26 мај 2010 во Инфо Центарот на Европска Унија го засноваа БИЗНИС ЛИДЕРСКИОТ ФОРУМ на МАКЕДОНИЈА. |
На 29 и 30 Мај 2010, традиционално се одржа манифестација “Титов Врв 2010” во организација на планинарскиот клуб “Љуботен” од Тетово. |
Од 15 до 16 Април во Александар Палас се одржа првата “Балканска конференција на педијатрии” во организација на македонското Здружение на Педијатри и Клиниката за педијатрија. ТТК Банка како општествено одговорна компанија го подржа настанот и започна цврста соработка и пријателство со здравствениот сектор во Р. Македонија.  |
“Глобална недела на Претприемништво” претставува глобалeн настан за промоција и поддршка на претприемачите кој традиционално се одржува секоја година на повеќе локации во земјата. |
На годинешното 39 по ред издание, ТТК Банка во рамките на проектот "Во поддршка на најмладите" ги подржа младите славејчиња. |
По повод Денот на Штедењето, во неколку града низ Р. Македонија се одржа посета на експозитурите на ТТК Банка од страна на неколку детски градинки.  |
На 30 и 31 мај, 2009 година, во организација на Планинарскиот Клуб “Љуботен“ се одржа 28 то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ 2009 под покровителство на ТТК Банка. |
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за Економија на Р. Македонија, свечено ги додели Националните награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2008 година. |
ТТК Банка како банка со традиција и искуство на една страна и иновација и ентузијазам од друга, поддржува активности кои претставуваат вистинска вредност во општеството, активности кои придонесуваат во зачувување на културното наследство и традиција како и зачувување на автентичниот идентитет на творештвото во Македонија |
|
 |
 |
|
 |
|
 |