Ново од ТТК Банка! Голем број поволности со новите Premium пакети за приматели на плата преку банката
ТТК Банка со задоволство ги најавува Premium Basic, Premium Standard и Premium Plus, трите нови пакети за приматели на плата во банката кои содржат голем број поволности за корисниците.
Корисниците на пакетите имаат можност по посебни повластени услови, пониски провизии и без надоместоци да ги користат најчесто користените банкарски производи и услуги.
Зависно од пакетот, корисниците на Premium пакетите можат да добијат:
· пониски каматни стапки за кредити од банката.
· повисоки каматни стапки за штедење во денари и евра за корисници на Standard и Plus пакетите.
· дозволено пречекорување и до 3 месечни плати и без надоместоци за одобрување и продолжување на лимитот
· плаќање до 6 рати без камата со Visa Electron.
· без надоместок за дополнителни Visa Electron картички.
· да добијат Visa Classic кредитна картичка без жиранти за износи и до 150.000 денари и
· да користат Visa Classic кредитни картички без годишна членарина за првата година за основната и за дополнителни картички.
· 100% попуст/без надоместок за рефинансирање на кредит од друга банка.
· повластени административни трошоци – од 50% до 100% попуст за надоместоци за одобрување на кредити.
· намалени провизии за одобрување на кредити за корисниците на Plus пакетот.
Пакетите се достапни за корисниците кои се во редовен работен однос во компании и установи кои ќе склучат договор за соработка со Банката.