македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Компјутери од ТТК Банка за ученици од социјално ранливи семејства

 

 

ТТК Банка донираше компјутери и компјутерска опрема за ученици од социјално ранливи семејства од општина Крушево во рамки на кампањата ‘’Донирај го својот компјутер’’.

 

 

На овој начин Банката продолжува со општествено одговорните практики и дава свој допринос во настојувањата да се надминат ограничувањата на кои сме изложени и истовремено дава поддршка на  акцијата за овозможување на пристап до компјутери на што е можно поголем број на деца и млади од најпогодените семејства.

 

„Задоволство ни е што денес ја реализираме донацијата на компјутерска опрема. Знаеме дека информатичкото образование е многу важно за натамошно унапредување и информираност не само во училиште туку и во други области од животот, а и во слободното време. Применувајќи општествено одговорни практики ТТК Банка континуирано ги поддржува проектите насочени кон најосетливите сегменти. Искрено се надевам дека оваа донација која е скромна, но од срце  ќе ги реши проблемите и ќе ги израдува учениците на кои ќе им бидат доделени, ќе им овозможи ефикасно следење на електронската настава, развој на нивните компјутерски вештини и ќе ги поттикне да остваруваат уште подобри резултати. –изјави Претседателот на Управниот Одбор на ТТК Банка др. Драгољуб Арсовски.

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски се заблагодари на ТТК Банка за донацијата и покажаната хуманост и истакна дека благодарение на донираната компјутерска опрема учениците ќе бидат во можност да го подобрат следењето на образовниот процес.

„Донацијата на ТТК Банка ќе овозможи следење на „онлајн“ настава на ученици од семејства кои не можат да си дозволат компјутер или таблет и генерално на овој начин ги помагаме семејствата да имаат соодветна алатка во време на дигитализација. Голема благодарност до општествено одговорната ТТК Банка и ми е особено драго што ја продлабочуваме соработката“, изјави градоначалникот Христоски.

 

*13.7.2020 година


 

ТТК Банка АД Скопје со поддршка на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување